Реконструкции во СОУ „Јане Сандански“ |
Monday, 17 February 2020 15:10 | |||
There are no translations available.
Се работи за целосна реконструкција на спортската сала после 35 години, со замена на под, ново лед осветлување и нови прозорци во неа. Дополнително заменет е подот на училниците и набавени се нови смарт табли и нови компјутери. „Задоволство ми е што повторно за еден краток период сум во средното училиште Јане Сандански, кадешто можеме да објавиме завршување на градежните активности и пуштање во употреба на средното медицинско училиште. Ова се реалните проекти коишто оваа локална власт ги практикува,“ истакна градоначалникот Бочварски. Во моментот во ова училиште инвестирани се 4,8 милиони денари од кои 3,1 милион денари се за спортската сала. Директорката Рамбабова и професорот по физичко воспитување, Маџаров истакнаа дека ова се значајни реконструкции пред се за децата кои посетуваат настава по физичко образование, да се градат во вистински правец и да постигнуваат високи резултати.
|