Отпочнување со градба на затворен базен во Штип |
Monday, 10 February 2020 15:01 | |||
There are no translations available.
За првпат во Штип ќе се гради ваков енергетски ефикасен објект со димензии од околу 30 метри должина и 20 метри ширина, а додека базенот со должина од 25 метри и ширина од 9 метри. Овој значаен објект за граѓаните на Штип ќе се гради во населбата Суитлак кадешто деталниот урбанистички план предвидува зона спорт. „На мое огромно задоволство и на задоволство на граѓаните ја информирам јавноста дека за првпат во историјата на градот ќе се започне со изградба на затворен базен во Општина Штип. Во наредните неколку денови ќе се започне со поставување на камен темелникот на овој објект,“ посочи градоначалникот Бочварски во изјавата за медиуми. Затворениот базен ќе ги задоволи потребите за обука за непливачи, тренинг на пливачи, натпревар во пливање и многу други спортски активности.
|