Home Events Отворање на Дневен центар за лица со попреченост над 18 години
Отворање на Дневен центар за лица со попреченост над 18 години
Monday, 23 December 2019 15:48
There are no translations available.

DnevenCentarДенес во Општина Штип се отвори Дневен центар за лица со попреченост над 18 години.

Центар кој треба да обезбеди дневно згрижување и престој, нега, исхрана, психосоцијална рехабилитација и реедукација, советодавна работа и услуги на организирано поминување на времето на лицата со попреченост во интелектуалниот развој. 

,,Ова е одлична можност лицата си попреченост да бидат во контакт со општеството и заедницата со можност да се стекнат со одредени вештини.

На крајот од денот овие лица треба да се чувствуваат самореализирано. Сето ова значи втора фаза во развојот на социјалната заштита во нашата држава.

Локалната самоуправа ,централната власт и граѓанските организации се клучни партнери за отворање на овие центри''истакна министерката Царовска

Новогодишната желба на лицата штитеници на  ЦПЛИП ,,Порака'' од минатата година за само една година стана реалност.

 

,,Во само три средби успеваме да реализираме нешто што е многу значајно.На првата средба се договоривме, на втората средба го видовме овој запуштен простор и се договоривме да го изреконструиравме а веќе денес на третата средба го пуштаме во употреба. Тројно партнерство помеѓу Општина Штип, Министерство за труд и социјална политика и ЦПЛИП ,,Порака''истакна градоначалникот Бочварски

 

Благодарност и до ОУ ,,Гоце Делчев'' за остапување на просторот и ставање во функција на истиот за потребите на оваа категорија наши сограѓани.

Овој центар е со капацитет за дваесет лица.

 

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo en

Banner

Calendar

April 2025
M T W T F S S
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 1 2 3 4

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize