Отворање на сензорна соба во склоп на ОЈУДГ АСТИБО |
Monday, 23 December 2019 14:51 | |||
There are no translations available.
Проектот е финансиран од страна на Швајцарска амбасада и Министерство за локална самоуправа а е имплементиран од страна на Центарот за развој на Источниот плански регион во соработка со ОЈУДГ Астибо - Штип. Примарна цел на проектот е подобра интеграција на децата со потешкотии во развојот од ИПР во образовниот систем и пштеството. Истовремено, со опремувањето на овие мулти сензорни соби во Штип, Кочани и Делчево и обуката на стручниот персоналот кој работи со децата, ќе овозможи потикнување и делување на сите сетила кај децата со потешкотии во развојот и нивна полесна интеграција во образовниот систем и општеството, а понатаму и пазарот на трудот на овие деца. Со овој проект се овозможува набавка и монатажа на опрема за сензорната соба во Детската градинка „Астибо“ во која има инклузирно 20 деца со потешкотии во развојот. ,,Вкупната вредност на проектот изнесува 906.606 деанари од кој градежните и реконструктивните активности кој ги реализираше Детската градинка и Општина Штип изнесуваат 350.000 денари, а набавката и монтажата на опремата за сензорната соба изнесуваше 556.606 денари. “
|