Отворање на Дневен центар за лица со попреченост над 18 години |
Понеделник, 23 Декември 2019 15:48 | |||
Центар кој треба да обезбеди дневно згрижување и престој, нега, исхрана, психосоцијална рехабилитација и реедукација, советодавна работа и услуги на организирано поминување на времето на лицата со попреченост во интелектуалниот развој. ,,Ова е одлична можност лицата си попреченост да бидат во контакт со општеството и заедницата со можност да се стекнат со одредени вештини. На крајот од денот овие лица треба да се чувствуваат самореализирано. Сето ова значи втора фаза во развојот на социјалната заштита во нашата држава. Локалната самоуправа ,централната власт и граѓанските организации се клучни партнери за отворање на овие центри''истакна министерката Царовска Новогодишната желба на лицата штитеници на ЦПЛИП ,,Порака'' од минатата година за само една година стана реалност.
,,Во само три средби успеваме да реализираме нешто што е многу значајно.На првата средба се договоривме, на втората средба го видовме овој запуштен простор и се договоривме да го изреконструиравме а веќе денес на третата средба го пуштаме во употреба. Тројно партнерство помеѓу Општина Штип, Министерство за труд и социјална политика и ЦПЛИП ,,Порака''истакна градоначалникот Бочварски
Благодарност и до ОУ ,,Гоце Делчев'' за остапување на просторот и ставање во функција на истиот за потребите на оваа категорија наши сограѓани. Овој центар е со капацитет за дваесет лица.
|