Home Events Средба со Мултисекторски тим на заедницата за ефикасна заштита на жените и девојките од секаков вид на насилство од Штип и Струмица
Средба со Мултисекторски тим на заедницата за ефикасна заштита на жените и девојките од секаков вид на насилство од Штип и Струмица
Monday, 16 December 2019 15:08
There are no translations available.

MultisektorskiTim-01Градоначалникот и претседателот на Советот остварија средба  со Мултисекторскиот тим на заедницата за ефикасна заштита на жените и девојките од секаков вид на насилство од Штип и Струмица.

Едукативно хуманитарната организација Ехо и Организацијата на жени од Струмица , пред десет години формираше Локални координативни тела за борба против семејно насилство во општините Штип и Струмица.

Две години на нивио на овие две општини функционира овој Мултисекторски тим кој е единствен во државата.

Денес состанокот беше реализиран за презентација на сработеното, презентација на активностите кој што се превземаат за интегративен пристап на пакетот на неопходни услуги за жени и девојки жртви на семејно насилство.

Овој тим може да се каже дека е прв на Балканот.Со неговото функционирање може да се констатира дека многу од постапките кои претходно биле развлечени, денес  се решаваат многу брзо.

Ова е позитивна пракса која во иднина на предлог на ЕХО ќе биде запечатена со Меморандум на соработка помеѓу Општината и организацијата.

 

,,Го поздравувам ваквиот ентузијазам и можам да кажам дека сум  горд што во општината функционира еден ваков тим од експерти во своите области.Во иднина ќе го потпишеме и Меморандумот на соработка со кој ќе покажеме вистински пример кој треба да го следат и останатите општини.''истакна градоначалникот Бочварски.

 

Овој Мултисекторски тим брои дваесет и девет членови од Општина Штип и Струмица.

 

MultisektorskiTim-02

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo en

Banner

Calendar

April 2025
M T W T F S S
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 1 2 3 4

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize