Средба со Мултисекторски тим на заедницата за ефикасна заштита на жените и девојките од секаков вид на насилство од Штип и Струмица |
Понеделник, 16 Декември 2019 15:08 | |||
Едукативно хуманитарната организација Ехо и Организацијата на жени од Струмица , пред десет години формираше Локални координативни тела за борба против семејно насилство во општините Штип и Струмица. Две години на нивио на овие две општини функционира овој Мултисекторски тим кој е единствен во државата. Денес состанокот беше реализиран за презентација на сработеното, презентација на активностите кој што се превземаат за интегративен пристап на пакетот на неопходни услуги за жени и девојки жртви на семејно насилство. Овој тим може да се каже дека е прв на Балканот.Со неговото функционирање може да се констатира дека многу од постапките кои претходно биле развлечени, денес се решаваат многу брзо. Ова е позитивна пракса која во иднина на предлог на ЕХО ќе биде запечатена со Меморандум на соработка помеѓу Општината и организацијата.
,,Го поздравувам ваквиот ентузијазам и можам да кажам дека сум горд што во општината функционира еден ваков тим од експерти во своите области.Во иднина ќе го потпишеме и Меморандумот на соработка со кој ќе покажеме вистински пример кој треба да го следат и останатите општини.''истакна градоначалникот Бочварски.
Овој Мултисекторски тим брои дваесет и девет членови од Општина Штип и Струмица.
|