Home Events Обраќање на градоначалникот Благој Бочварски ,,Климатски пријателски здравствени институции“
Обраќање на градоначалникот Благој Бочварски ,,Климатски пријателски здравствени институции“
Monday, 16 December 2019 15:56
There are no translations available.

KlimatskiPromeniГрадоначалникот Бочварски ја како претседател на ИПР ја отвори промоцијата на проектот  ,,Климатски пријателски здравствени институции’’.

Заедничките напори за подигање на свеста за климатските промени меѓу населението, јавната администрација и другите чинители ќе придонесат кон успешно искористување, зачувување и управување со природните ресурси во областа и подобрување на севкупниот квалитет на животот на граѓаните.

Градоначалникот на Општина Гоце Делчев ,Владимир Москов е веќе докажан пријател на нашата општина, па така и во овој случај се јавува како партнер во овој проект кој е од исклучително значење за градот и за Клиничка болница Штип.

,,Проектот е од исклучително значење и е со вредност од 238 000 илјади евра, кои ќе бидат транспарентно искористени за реставрација на инфективното одделение во Клиничка болница.

Реализацијата од првата фаза  очекуваме да биде завршена за 7-8 месеци.

Се работи за ЕУ средства од програмата за прекугранична  соработка. Нашите капацитети се на располагање , наш главен предизвик за нашата општина останува да работиме на црпење на Европските фондови се со цел да ги искористиме расположливите капацитети од програмите на Европската Унија.

Честитки до раковотството на КБ што за период од две години покрај набавката на медицинска опрема од огрома важност за пациентите извршија  и реновирање на „детската соба“ на оддел за Хируршки болести, реновирање во Оддел за Детски болести .''истакна Бочварски

Општина Штип продолжува понатаму заедно со Клиничка болница-Штип  да гради мостови за идни соработки, да бара партнери во регионот за остварување и унапредување на основните принципи за заштитата на правата на пациентите во користењето на здравствената заштита.

 

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo en

Banner

Calendar

April 2025
M T W T F S S
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 1 2 3 4

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize