Градежни активности во корито на река Отиња |
Friday, 15 November 2019 14:42 | |||
There are no translations available.
Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски изврши увид во активностите. Се работи на уредување на земјените работи, а потоа ќе следува и бетонирање. Општина Штип ќе распише тендерска постапка за уредување на овој дел од коритото, односно поставување на нови клупи, корпи за отпадоци и патека со бехатон. „Градежните активности се во полн ек. Ова е најпроблематичната делница, бидејќи имаше најголеми наноси од земја во долниот дел на коритотот на реката Отиња. Денеска и утре ќе ги завршиме земјените работи и ќе продолжиме со бетонирање на коритото,“ изјави градоначалникот Бочварски.
|