Home Events Увид во финални градежни активности на автопат Штип – Миладиновци
Увид во финални градежни активности на автопат Штип – Миладиновци
Monday, 17 September 2018 13:50
There are no translations available.

Avtopat-ST-Miladinovci-01Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, заедно со министерот за транспорт и врски во Влада на РМ, Горан Сугаревски, изврши увид во финалните градежни активности на автопатот Штип – Миладиновци.

  • Градежната оператива не запира, како на локално, така и на регионално и на централно ниво. Не само улиците на територија на Општина Штип, туку и патиштата во регионот и во државата се доведуваат во една одлична состојба. Се работи со одлична динамика, а кога зборуваме за автопатот Штип – Миладиновци, тоа е од особено значење.

„На мое огромно задоволство можам да кажам дека овој автопат е во самата завршница. Овој автопат е многу важен за целиот источен, но и за југоисточниот регион. Го добиваме првиот автопат во овој регион и се поврзуваме со главниот град.

Секое вложено евро воAvtopat-ST-Miladinovci-02 автопатишта враќа три евра во бизнисите и во економијата, што значи дека ова е вистински начин и за развој на економијата, за привлекување инвестиции, домашни и странски, со што ќе го заживееме целиот регион.

Вториот аспект е безбедноста, којашто исто така е многу важна, бидејќи Македонија мора да го спушти нивото на сообраќајни незгоди, како што е тоа во Европска Унија, а токму тоа се постигнува со изградба на нови автопатишта.

Министерството за транспорт и врски и Владата на Република Македонија работат целосно и гледаме дека со забрзана динамика се работи на патната инфраструктура, како на овој автопат, така и на експресните патишта од Штип до Радовиш и од Штип до Кочани. Верувам дека и во иднина ќе продолжи оваа градежна офанзива во овој регион, со што ќе ги задржиме младите овде, но и ќе донесеме нови работни места,“ истакна градоначалникот Бочварски.

Овој автопат ќе значи поврзување не само на нашиот град туку и на цела источна и југоисточна Македонија со главниот град, што ќе придонесе за заголемен квалитет на живот, соработка и заеднички напредок.

Модернизацијата на патната инфраструктура е главен приоритет на власта, а со изградбата на современи патишта и автопати ние ја градиме нашата иднина. 

Avtopat-ST-Miladinovci-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo en

Banner

Calendar

April 2025
M T W T F S S
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 1 2 3 4

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize