Работни активности во населба Железничка |
Friday, 14 September 2018 10:57 | |||
There are no translations available.
„Денеска се наоѓаме во населбата Железничка кадешто започнуваме да реализираме неколку инфраструктурни зафати. Овде имаме доста улици коишто се со земјена подлога и се доста неповолни за движење на граѓаните во неповолни временски услови, така што започнавме да работиме на еден крак којшто е со 700 м2 димензија и 170 метри должина. Овој крак ќе биде изработен од ЈП „Стипион 2011“ до фаза на тампонирање и неговата вредност е 275.000 денари. Откако ќе завршиме Ветивме дека до секој граѓанин, до секој дом ќе обезбедиме подобри услови за пристапување и подобри услови за живот со тоа на нашите сограѓани,“ истакна градоначалникот Бочварски. Општина Штип во овој дел од градот инвестира уште дополнителни 650.000 денари на нови улици коишто ќе бидат асфалтирани во должина од околу 300 метри. Ќе се работи и на пристапен тротоар на самиот влез од градот, од населба Железничка до Кампус 4.
|