Увид во финални градежни активности на автопат Штип – Миладиновци |
Понеделник, 17 Септември 2018 13:50 | |||
„На мое огромно задоволство можам да кажам дека овој автопат е во самата завршница. Овој автопат е многу важен за целиот источен, но и за југоисточниот регион. Го добиваме првиот автопат во овој регион и се поврзуваме со главниот град. Секое вложено евро во Вториот аспект е безбедноста, којашто исто така е многу важна, бидејќи Македонија мора да го спушти нивото на сообраќајни незгоди, како што е тоа во Европска Унија, а токму тоа се постигнува со изградба на нови автопатишта. Министерството за транспорт и врски и Владата на Република Македонија работат целосно и гледаме дека со забрзана динамика се работи на патната инфраструктура, како на овој автопат, така и на експресните патишта од Штип до Радовиш и од Штип до Кочани. Верувам дека и во иднина ќе продолжи оваа градежна офанзива во овој регион, со што ќе ги задржиме младите овде, но и ќе донесеме нови работни места,“ истакна градоначалникот Бочварски. Овој автопат ќе значи поврзување не само на нашиот град туку и на цела источна и југоисточна Македонија со главниот град, што ќе придонесе за заголемен квалитет на живот, соработка и заеднички напредок. Модернизацијата на патната инфраструктура е главен приоритет на власта, а со изградбата на современи патишта и автопати ние ја градиме нашата иднина.
|