Соопштение за јавност |
Среда, 22 Мај 2019 14:32 | |||
Со рушењето на објектите, плацот станал чист, неоптоварен со објекти и истиот можел да биде ставен на продажба како градежна парцела. Програма за располагање на градежно земјиште во сопственост на РМ на подрачјето на Општина Штип за 2016 година во која е предвидена продажба на оваа парцела донесена е на седница на Совет на Општина Штип што се одржала на 25.12.2015 година и на која гласале „за“ 13 советници од ВМРО-ДПМНЕ и „воздржани“ 8 советници од СДСМ. По донесената Програма во 2016 година распишан е јавен оглас на кој предметната парцела ГП 1.3 со површина од 3.680 м2 за изградба на хотел е продадена на приватен субјект. Тоа е потпишано од поранешниот градоначалник на Општината Штип, Илчо Захариев. Општина Штип веќе е во постапка на дислокација на дел од градежниот материјал - сопственост на ЈП „Стипион“ од локацијата кај автобуската станица на друга локација, која ќе биде објавена во најскоро време.
|