Писмена реакција на денешната прес конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип |
Петок, 17 Мај 2019 14:54 | |||
ВМРО-ДПМНЕ вчера зборуваше дека локалната власт не работи на крупни проекти, а денеска и самите зборуваат за еден од крупните проекти за градот. ВМРО-ДПМНЕ денеска е опозиција, токму заради тоа што не изгради ниту еден значаен и капитален проект за Штип додека беше власт. Ги потсетуваме дека проектот за мост со обиколница е промовиран од страна на СДСМ во 2014 година. Еден од малкуте проекти коишто ги започна ДПМНЕ е првата фаза од обиколницата, но и тој не го заврши. Првата фаза од обиколницата чини 46.000.000 денари, а втората фаза дополнителни 11.000.000 денари или вкупно 57.000.000 денари. Прогресот на овој проект во моментот кога ја превземавме локалната власт беше 40%. Оваа локална власт заедно со изведувачот го доработи проектот за мост на река Брегалница со комплетна ревизија. Наскоро ќе се постави вториот слоj асфалт и ќе се постави конструкцијата на мостот. Претходно се заврши комплетно втората фаза од обиколницата со кружен тек. За да им биде појасно на безидејното раководство на ВМРО-ДПМНЕ ги информираме дека од целата обиколница која чини 57.000.000 денари тие имаат реализирано 40%, останатото се реализира во време на новата локална власт. Локалната власт работи на остварување на нова детска градинка во населба Сењак, спортско-рекреативен центар Суитлак, нов затворен базен во ООУ „Димитар Влахов“, брана на реката Отиња, гасификација на Штип, нов градски стадион. Ова се проекти за кои ВМРО-ДПМНЕ додека беше власт немаше идеја како да ги реализира. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ треба да учи како се остваруваат ветените проекти и како градот го добива својот развој.
|