Честитка по повод 24 мај – Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“ |
Четврток, 23 Мај 2019 14:01 | |||
Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски упатува честитки по повод 24 мај- Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, во која се вели: „Ми претставува особена чест и задоволство да го честитам претстојниот празник Кирил и Методиј“ – Денот на сесловенските просветители. Борбата на светите апостоли, браќата Кирил и Методиј немала само просветителска кауза, туку претставува и политичко-културолошка борба и силна одбрана против асимилацијата. Освојувањето на правото на јазик и писмо значело да добивање културно-историски печат и идентитет. Затоа Кирил и Методиј се сметаат за духовни и просветни градители, тие се творци кои ги поставија темелите на традицијата кои денешните просветни работници пожртвувано и секојдневно ја продолжуваат низ генерациите што доаѓаат. Нека ни е честит 24 мај – Денот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј,“ стои во честитката од градоначалникот Бочварски.
|