Home Announcements Соопштение за јавност
Соопштение за јавност
Wednesday, 22 May 2019 14:32
There are no translations available.

opstina-stip-zgrada-3Во врска со прашањата поврзани со старите гаражи на ЈП „Стипион“, Општина Штип ја информира јавноста дека тие биле срушени од страна на ЈП „Стипион“ врз основа на Одобрение за отстранување на постоечки објекти-гаражи, магацин и канцеларии донесено од тогашниот градоначалник на Општината Штип, Илчо Захариев.

Со рушењето на објектите, плацот станал чист, неоптоварен со објекти и истиот можел да биде ставен на продажба како градежна парцела. Програма за располагање на градежно земјиште во сопственост на РМ на подрачјето на Општина Штип за 2016 година во која е предвидена продажба на оваа парцела донесена е на седница на Совет на Општина Штип што се одржала на 25.12.2015 година и на која гласале „за“ 13 советници од ВМРО-ДПМНЕ и „воздржани“ 8 советници од СДСМ.

По донесената Програма во 2016 година распишан е јавен оглас на кој предметната парцела ГП 1.3 со површина од 3.680 м2 за изградба на хотел е продадена на приватен субјект. Тоа е потпишано од поранешниот градоначалник на Општината Штип, Илчо Захариев. Општина Штип веќе е во постапка на дислокација на дел од градежниот материјал - сопственост на ЈП „Стипион“ од локацијата кај автобуската станица на друга локација, која ќе биде објавена во најскоро време.

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo en

Banner

Calendar

December 2024
M T W T F S S
25 26 27 28 29 30 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize