Повик за голема граѓанска прослава: Македонија во НАТО и ЕУ |
Петок, 13 Јули 2018 09:47 | |||
Врвните стратешки цели и интереси на нашата земја конечно се остваруваат. Македонија станува триесеттата членка на НАТО, а македонското знаме ќе се вее пред седиштето на НАТО во Брисел. Истовремено, Македонија доби датум за почеток на преговори за полноправно членство во Европската Унија. Изминативе неколку месеци, Македонија зачекорува во ново време, време на надеж, победи и гордост. Меѓународната заедница ги препознава позитивните промени во нашата земја, како и динамичниот процес на реформи и унапредување на општествениот дијалог. Ова е голем успех за Македонија, постигнат со силна желба за подобра сегашност и иднина на нашите граѓани. Затоа, ве поканувам сите Одиме напред – Македонија во НАТО и ЕУ!
|