честитка по повод големиот празник Илинден |
Четврток, 02 Август 2018 10:53 | |||
Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, денеска по повод големиот празник Илинден упати честитка до сите граѓани на општината Штип, во која се вели: „Почитувани граѓани Илинден е круна на македонскиот идентитет, клуч за иднината и сувереноста на нашата држава. На илинден се поставени темелите на Македонија. Во изминатите децении ја градевме државата, а денес наша обврска е да ја развиваме и сочуваме во рамки на големите и влијателни семејства, со што за навек ја обезбедуваме нејзината стабилност и безбедност. Нека денешниот голем празник Илинден биде мотив да продолжиме напред, по патот трасиран уште од Илинденското востание и заседанието на АСНОМ. Сите заедно да успееме во денешната борба за Македонија да биде стабилна,напредна и просперитетна држава. Нека е честит, вечен и вековит Илинден,“ стои во честитката од градоначалникот Бочварски.
|