Канализација во населба Железничка |
Петок, 21 Февруари 2020 14:47 | |||
Градоначалникот Бочварски заедно со директорот на јавното претпријатие извршија увид во работните активности. „Се наоѓаме во населбата долна Железничка каде преку комуникација со урбаните заедници увидовме потреба од изградба на канализациона мрежа во овој дел од градот како едно од главните барања на урбаната заедница во долна Железничка. Се работи за инвестиција од околу 750.000 денари,“ истакна градоначалникот Бочварски. Директорот Живко Тасев истакна дека во програмата за работа на јавното претпријатие има многу вакви активности кои ќе се случат во текот на овој период, заради тоашто граѓаните во 21 век мора да имаат добри услови за живот. Активностите ќе продолжат во населбата горна Железничка, кадешто и таму неколку домакинства ќе добијат канализациона мрежа.
|