Посета на детска градинка „Цветови“ во населба Осми Ноември |
Вторник, 18 Февруари 2020 14:11 | |||
Градоначалникот Бочварски заедно со директорката на оваа детска градинка извршија увид во завршените активности. „Денеска сме на увид во детската градинка Цветови во завршените реконструкции во овој клон. Се работи за инвестиција од околу 4,8 милиони денари од кои дел се наша инвестиција, а дел се донеција од Јапонска амбасада“, кажа градоначалникот Бочварски. Директорката Трајчевска кажа дека ова е многу значајна инвестиција за овој клон, бидејќи после подолг период се реконструираат старите и дотраени работи.
|