Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Настани Реконструкција на улица Коле Неделковски
Реконструкција на улица Коле Неделковски
Понеделник, 24 Февруари 2020 14:17

UlKoleNedelkovski-01Започнати се градежните активности за реконструкција на улицата Коле Неделковски. Се работи за комплетно вадење на коцката која беше стара и дотраена и замена на водоводната и канализационата линија. По овие зафати ќе следува поставување на асфалтен слој и реконструкција на пешачката површина односно тротоарите.

Градоначалникот Бочварски изврши увид во активностите на улицата Коле Неделковски.

„Започнавме со реконструкција на улицата Коле Неделковски. Променета е водоводната и канализациона линија со што ја подобруваме и подземната инфраструктура, ќе се работи на асфалтирање и реконструкција на тротоарите.

Се работи за површина од 1700 метри квадратни улица и околу 700 метри квадрати тротоари, инвестициската вредност е околу 4,2 милиони денари од кои 3,7 милиони денари се за реконструкција на улицата, а 500.000 денари за промена на водоводната и канализационата линија.

Граѓаните ќе имаат можност да увидат како сериозно се пристапува со реконструкција, а не како во некои претходни времиња кога асфалтот се поставуваше врз коцката,“ изјави градоначалникот Бочварски.

Локалната самоуправа во наредниот период ќе работи на неколку локации со цел реконструкција старата и дотраена патна инфраструктура.

UlKoleNedelkovski-02

UlKoleNedelkovski-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Април 2025
П В С Ч П С Н
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 1 2 3 4

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize