Настан „Спортист на годината“ во општина Штип |
Четврток, 16 Јануари 2020 15:05 | |||
Салата на мултимедијалниот центар беше преполна со познати спортисти, спортски работници кои давале голем придонес за развој на спортот во Штип. Наградени се повеке спортисти, спортски работници и спортски клубови по различни спортови и во повеке категории. Сите овие признанија и награди за 2019 година се доказ дека Штип има надежни спортисти и дека успесите се резултат на напорната работа. Комисијата за спорт составена од советници и спортисти заеднички за „Спортист на годината“ во општина Штип го избраа Емил Павлов, кој е двократен европски шампион, а изминатата 2019 година е освојувач на Премиер лигата во Москва. „Почитувани спортисти и спортски работници, Вашите лични и колективни успеси се огледалото на овој град, затоа ви благодарам што во вистинско светло го претставувате нашиот град и нашата држава насекаде од светот. Оваа година заслужено наградата „Спортист на годината“ оди во рацете на нашиот каратист Емил Павлов. Емил Павлов е двократен европски првак, несомнено најдобар во нашата држава, а изминатата 2019 година е и освојувач на Премиер лигата која се одржа во Москва. Напорната работа, борбеноста, ентузијазмот и енергијата се секогаш вистинската формула за успех. Токму таа формула ја применува нашиот Емил Павлов, личност којашто покажува дека Штип може да котира високо на европската агенда и личност од којашто можат многу млади спортисти да научат,“ кажа градоначалникот Бочварски во своето обраќање.
|