Посета на ООУ „Димитар Влахов“ Штип |
Среда, 15 Јануари 2020 16:02 | |||
Се наоѓаме во училиштето Димитар Влахов кадешто се работи на нова фасада, нови тоалети и училиштето доби нови смарт табли. Инвестицијата чини околу 2,2 милиони денари. Задоволен сум заради тоа што вакви инвестиции како што има во последните две години немало со децении,“ изјави градоначалникот Бочварски. Директорот на училиштето додаде дека во тековната 2020 година се планирани активности од типот: Уредување на училишниот двор; промена на кровот и подот во спортската сала; нови столчиња и клупи за потребите на учениците.
|