Увид во изградба на водоводна линија за водоснабдување на населба Балканска |
Понеделник, 04 Март 2019 14:49 | |||
Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со претставници од ЈП „Исар“ извршија увид во работата на јавното претпријатие на поставување на две водоводни линии за приклучок на населбата Балканска. „Главната линија ќе биде околу 1200 метри и ќе биде поделена на 3 краци, а цената ќе биде околу 5 милиони денари. Со ова решаваме еден од најголемите проблеми во цела општина, затоа што со ова ќе добијат околу 600 жители чиста вода. Досега имаме изработено 1250 метри од овој магистрален водовод, такашто имаме инвестирано околу 14 милиони денари и дополнително со овие 5 милиони денари имаме инвестиција од 19 милиони денари,“ изјави Бочварски.
|