Градежни активности во населба Три Чешми |
Вторник, 05 Март 2019 15:00 | |||
Се работи за уредување на мини плоштад, хортикултурно уредување околу тој мини плоштад и поставување на клупи. Исто така на барање на граѓаните се тампонирани неколку улици кои биле тешко проодни за граѓаните од тој дел од градот. „Целата оваа инвестиција, платото заедно со уредувањето на овој простор и улиците ја чинат Општината околу 550.000 денари,“ изјави Бочварски. Локалната самоупорава преку добрата комуникација со граѓаните ќе продолжи да ги остварува нивните барања.
|