Средба со амбасадорот на ОБСЕ |
Среда, 27 Февруари 2019 15:29 | |||
Амбасадорот беше лично запознаен од градоначалникот за проектите коишто се отпочнати во општината и кои се неопходни за развојот на Штип. За само една година се започнати неколку крупни проекти коишто се долгогодишно барање и потреба на граѓаните, а тоа се гасификација, брана на реката Отиња и нова детска градинка. Интеграцискиот процес во кој се наоѓа Македонија ќе придонесе раст на економијата и стабилност во нашата држава. Амбасадорот го поздрави историскиот договор и зачленувањето на Македонија во НАТО алијансата.
|