Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Настани Општина Штип учесник на третата конференција од проектот „Обединета Европа“
Општина Штип учесник на третата конференција од проектот „Обединета Европа“
Вторник, 16 Октомври 2018 13:25

ObedinetaEvropa-3.konferencija-01Штип учествуваше на третата конференција од проектот „Обединета Европа“. Од 9 до 13 октомври во Сетубал во Португалија се оддржа третата конференција на „Обединетите градови„ во кои членува и Штип.Делегација од Штип, предводена од градоначалникот Благој Бочварски учествуваше на третата конференција која овој пат како тема ја имаше „Миграцијата и социјалната инклузија на малцинствата“.

На конференцијата општина Штип имаше видео презентација на проектите кои ги спроведува а кои се насочени кон подобрување на животот на малцинските групи и на социјално ранливите категории.

„Мислам дека одлично се претставивме, имајќи во превид дека ова е веќе трета средба. Она што беше дадено како домашна задача беше завршено, при што беа емитувани две репортажи за мигрантите во Македонија и Штип но и за помошта која ја даваме како општина на социјално ранливите категроии,“ кажа Драган Ристов, координатор на проектот за Штип.

Градоначалникот Бочварски имашеObedinetaEvropa-3.konferencija-02 свое обраќање и повеќе мултилатерани средби со останати градоначалници кои се вклучени во проектот, како и со домаќинот, Марија дас Дорес Меира, градоначалничка на Сетубал. Општина штип стана дел од проектот „Обновена Еропа“ во ноември минатата година, при што согласно проектот, предвидени се седум средби во секој од седумте градови кои влегуваат во заедницата на „Обединети градови“.

Првата средба се оддржа во април лани во Аксаково во Бугарија, кој е носител на проектот, потоа во јуни се оддржа втората конференција во Штип на тема „Евроскептицизам“ а ова е третата средба од проектот. Следната средба ќе се оддржи во април 2019 година во Озаров Мазовјетски во Полска. Проектот е финансиран преку фондовите на ЕУ.

 ObedinetaEvropa-3.konferencija-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Април 2025
П В С Ч П С Н
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 1 2 3 4

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize