Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Настани Заврши триесет и третото издание на Макфест
Заврши триесет и третото издание на Макфест
Понеделник, 08 Октомври 2018 14:24

Makfest-2018-01Изминатиот викенд се одржа триесетитретото издание на најреномиран фестивал на забавни мелодии „Макфест“. 

Во четврток и петок, на двете полуфинални вечери, настапија по 16 изведувачи пред преполна сала во Центар за култура „Ацо Шопов“. Во сабота се одржа финалната вечер, на која настапија 20 изведувачи кои успеаја да се пласираат во финале по учеството на двете полуфинални вечери. 

Наградата за најдобар дебитант на фестивалот „Душан Љубисављевиќ - Дуле“ оди во рацете на младата Мина Блажев со нумерата „Во други души“. 

На третата позиција се пласираше Дани Димитровска со нумерата „Време“. 

Втората награда отиде во рацете на познатиот текстописец и вокал, Роберт Билбилов кој ја отпеа песната „Чудни места“. 

Победничка на овогодинешниот Макфест е Антонија Гиговска, која настапи со песната „Никогаш не вели никогаш“. 

Уметничкиот директор Владимир Дојчиновски е задоволен од текот на фестивалот, кој со успешната завршница се доближи до најуспешните фестивали изданија во изминатите 33 години. Во тоа сесрдно му помагаа и претставниците на локалната самоуправа, кои се покровители на фестивалот. 

„На мое огромно задоволство, Makfest-2018-02на задоволство на граѓаните на Општина Штип еве по триесет и трети пат оваа година се организира фестивалот на забавни мелодии Макфест, најдобриот фестивал во Република Македонија. 

Можам да кажам со сигурност дека Макфест е авангарда на македонската музичка сцена, фестивал којшто многу значи, којшто дава многу хитови од прет триесетина години и уште се актуелни и се слушаат. 

Верувам дека и оваа година фестивалот Макефест ќе даде многу нови хитови, ќе биде со прекрасен квалитет на музиката и верувам дека ќе има многу хитови коишто ќе останат запаметени во наредниот период и во наредните години,“ истакна градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски. 

За победниците се обезбедени и награди: првонаградените добијат по 5.000, 4.000 и 3.000 евра, а исто така беа доделени и награди за најдобар текст, аранжман, дебитант и за најдобар сценски настап, чии добитници добија по 500 евра.

Makfest-2018-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Април 2025
П В С Ч П С Н
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 1 2 3 4

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize