Увид во работата на ЈП „Исар“ за водоснабдување на населбата Балканска |
Вторник, 09 Октомври 2018 13:34 | |||
Должината на водоводот до населба Балканска е 1300 метри, а досега се изведени 1250 метри. „Денеска сме во населба Балканска, на мое огромно задоволство и на задоволство на сите граѓани на Штип. Денеска сме во населба Балканска да го промовираме проектот којшто досега е изработе, а тоа е водоводот за населба Балканска. Проектот е со вредност преку 16 милиони денари, инвестицијата е на Општина Штип и на ЈП „Исар“ и денеска можам да ги информирам граѓаните дека сме на самиот крај од оваа фаза од изработката на водоводот до населба Балканска. Се работи за 1300 метри должина на водоводната линија од коишто до денеска е изработено околу 1250 метри со што останува уште 50 метри“ стои во изјавата на градоначалникот Бочварски. Во наредната фаза Општина Штип ќе продолжи со изработка на водоводот со два краци кон населба Балкнаска и крак кон населба Чардаклија.
|