Посета на ООУ „Гоце Делчев“ Штип |
Четврток, 13 Септември 2018 12:23 | |||
„Денеска сме во основното училиште „Гоце Делчев“ на една убава активност заедно со компанијата „Елкос“ којашто покажува општествена одговорност да донира 100 ранци на дечиња на стартот на учебната година, заедно со училишен прибор, посебно на оние дечиња на коишто им е најпотребно. Така што Општина Штип одлучи да започнеме од ООУ „Гоце Делчев“ кадешто ќе бидат поделени дел од овие ранци. Во мое име и во име на Општина Штип сакам да ја искажам мојата благодарност до ЕТЦ „Елкос“ како општествено одговорна компанија којашто донира дел од своите средства на дечињата во училиштата во Штип. Јас можам да кажам дека во досегашниот дел од мојот мадат имам комуникација со голем дел од штипските компании коишто покажуваат огромна одговорност и даваат поддршка на најразлични начини на Општина Штип и на граѓаните, така што ги охрабрувам да продолжат и понатаму затоа што ние го даваме нашиот максимум,“ истакна градоначалникот Бочварски. Општина Штип упатува огромна благодарност до сите општествено одговорни компании за честите донации.
|