Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Настани Дебата со претставници на невладините организации за претстојниот референдум
Дебата со претставници на невладините организации за претстојниот референдум
Четврток, 13 Септември 2018 13:00

DebataReferendum-01Денеска 13.09.2018 г., во организација на Општина Штип се одржа дебата со претставници на невладините организации во врска со претстојниот референдум и важноста на истиот. Панелист на оваа дебата беше градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

На дебатата присуствуваа луѓе од 26 невладини организации и најголем дел имаа свои излагања и ставови за тоа кои се придобивките од Европската Унија и НАТО.

„Денеска имавме состанок со поголем број на невладини организации и граѓански здруженија во Општина Штип. Разговаравме за едно од најважните прашања коешто ги тангира сите граѓани на Република Македонија пред коешто сме исравени сите во овој период, а тоа е референдумското прашање.

Разговарав со 26 невладиниDebataReferendum-02 организации и граѓански здуженија коишто дадоа голема поддршка за овој договор којшто е постигнат, сакам да повторам дека ова е компромисно решение но ова е и решение коешто пред се и дава шанса на Република Македонија да оди напред и да се приклучиме кон Европската Унија и НАТО, да обезбедиме подобар живот за сите наши граѓани имајќи предвид дека во изминатите 27 години Република Македонија стои во место, граѓаните се иселуваат и неможат да обезбедат сопствена иднина и иднина на своите деца, а што е уште пострашно заминуваат со пасоши од странски држави.

Ние како одговорни чинители во ова општество, политичари, граѓански активисти, здруженија на граѓани имаме можност да разговараме на оваа тема и да носиме одлуки,“ истакна градоначалникот Бочварски.

 DebataReferendum-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Април 2025
П В С Ч П С Н
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 1 2 3 4

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize