Нови улици во Блок 2000 |
Среда, 12 Септември 2018 14:31 | |||
Над 160 милиони денари се вложени во вистинските цели, а тоа се интересите на граѓаните и изградба на квалитетна инфраструктура којашто ќе им го направи секојдневието пријатно и лесно. Градежната офанзива во општина Штип продолжува и денеска. Деновиве во Блок 2000 се градат нови улици и се обезбедува квалитетна нова инфраструктура за нашите сограѓани и од овој дел од градот. Изведбата на овие улици чини околу 3.000.000 денари, а станува збор за нова улична површина од 1300 квадратни метри и должина од 200 метри. „Многу важно е што Во моментов овде се изведуваат земјени работи, а наскоро ќе започне и асфалтирањето на улиците. Изминатиов период беа асфалтирани и рехабилитирани и улиците „Иво Лола Рибар“, „Крушевска Република“, „Ѓорги Петров“ и „Петта Партиска“, а беа бетонирани и краци од улиците „Радански Пат“ и „Кирил Пејчиновиќ“. Парите на граѓаните ги насочуваме кон вистинските цели, а Штип конечно го доживува развојниот подем кој го заслужува. Продолжуваме да се движиме во иста насока со засилен интензитет и искрени и вредни заложби за унапредување на Штип.
|