Средба со министер за надворешни работи, Никола Димитров |
Понеделник, 10 Септември 2018 16:27 | |||
„Поради активностите на Влада на РМ и на министерот за надворешни работи во изминатиов период, Македонија успеа да се придвижи напред во дел на решавање на повеќедеценискиот спор и конечно придвижување на државава во правец на евроатлантските интеграции и затоа мораме да оддадеме целосна почит за тоа што е направено досега, во изминатите година дена. За Општина Штип, но и за другите Општини, приближувањето кон Европската Унија е многу важно. Со тоа ќе влезе свеж капитал во Општините, ќе се отворат нови работни места, ќе настане конкуренција кај работодавачите со што и природно ќе растат платите. Еден од крупните капитални „Благодарност до градоначалникот и градот Штип за убавото добредојде. Мене работата ми е во областа на надворешните работи и немам често прилика да одам низ Македонија, низ градови и села. Меѓутоа надворешната политика во септември ни е дома, и во смисла на чести посети на високи гости, и во смисла на тема и фокус на домашната јавност. За мене ова е многу корисно, да се запознаам со локалните проблеми, коишто не се неповрзани и со надворешната политика. Ако имаме еден консензус од 1991 година наваму во Република Македонија, тоа е дека нашата иднина се НАТО Алијансата и ЕУ. Многу години доцниме со прогрес кон ова. Пред два дена прославивме 27-ми роденден на 8 Септември, 27 години од Референдумот од ’91 година. Ако тој референдум значи нешто - значи завет Македонија да биде независна, суверена, самостојна и успешна држава. Имаме шанса на 30 септември да ја ставиме последната цигла од нашата државност. По одржаната средба, градоначалникот Бочварски и министерот Димитров заминаа во посета на повеќе здруженија, а во текот на денот ќе остваруваат средби со граѓани на повеќе локации во Штип. Во 19 часот градоначалникот Бочварски и министерот Димитров ќе бидат панелисти на граѓанска трибина во населбата Автокоманда, кај спортското игралиште.
|