Асфалтирање улици во населба Сењак |
Петок, 07 Септември 2018 14:15 | |||
„Се наоѓаме во населбата Сењак каде продолжува градежната офанзива која деновиве се одвива во нашата општина. За разлика од изминатите денови, кога се нанесуваа нови слоеви асфалт на постоечки улици, денеска се финализира изградбата на три нови улици кои значително ќе го подобрат сообраќајниот крвоток во оваа населба. Станува збор за три нови улици со вкупна површина од околу 2800 метри квадратни, а должина од 460 метри, за чијашто изведба Општина Штип издвои околу 4.900.000 денари. Општина Штип ќе продолжи да вложува во обезбедување квалитетна инфраструктура за сите наши сограѓани во сите делови на градот,“ истакна градоначалникот Бочварски.
|