Изведба на канализација и реконструкција на водоводна линија |
Четврток, 06 Септември 2018 13:25 | |||
Од средбите со граѓаните кои градоначалникот Бочварски редовно ги одржува произлегуваат голем дел активности, а со цел подобрување на нивното опкружување. Ова беше барање од страна на жителите во овој дел од населбата, а ние како локална самоуправа и јавното претпријатие „Исар“ излегуваме во пресрет на потребите на граѓаните. Станува збор за реконструкција на водоводната линија од околу 300 метри во населба Дузлачки Рид со која се овозможува подобро водоснабдување на околу 50 домаќинства од улица „Кирчо Димитриев“, кои во минатото имале сериозни проблеми со водоснабдувањето. Тие проблеми денеска се искоренуваат, а инвестицијата за овој проект чини околу 408.000 денари, средства обезбедени од буџетот на ЈП „Исар“. „Ова е еден од проблемите кои ги нотиравме Освен со активностите овде, слични вакви активности има и во други делови од нашата општина. Имено, работната единица Водовод и канализации при ЈП „Исар“ деновиве работи и на изведба на фекална канализација во Стар Караорман. Станува збор за долгогодишен горлив проблем на жителите на оваа населба, којшто конечно добива свое решение. Со изведбата на фекална канализација од околу 260 метри се овозможува приклучок на околу 80 домаќинства од горен Караорман на главна канализациона линија. Инвестиционата вредност на овој проект е околу 800.000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Штип.
|