Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Настани Градоначалникот Бочварски на прва средба со Регионалната стопанска комора - Штип
Градоначалникот Бочварски на прва средба со Регионалната стопанска комора - Штип
Четврток, 23 Ноември 2017 14:51

komora1 resizeРегионалната стопанска комора со седиште во Штип, денес оддржа седница на која присуствуваше и ново-избраниот градоначалник на Штип, Благој Бочварски. Средбата беше искористена за меѓусебно запознавање и за отпочнување на соработка помеѓу штипските стопанственици и новото раководство на општината:

- Многу е важно соработката на локалната komora2 resizeбизнис зедницата со општина Штип за подобрување на стандардот на граѓаните што живеат во регионот и за подобрување на економската активност на фирмите кои соработуваат со локалната самоуправа. Наша задача е активностите на компаниите да ги пренесеме и на државно ниво и со тоа ќе се зголеми и нивната активност и ќе влијаеме на подорбување на бизнис климата - изјави Претседателот на комората во Штип, Наум Барзов.

Градоначалникот очекува солидна соработка бидејќи бизнис заедницата е клучна за реализација на некои негови идеи и проекти:

- Ова е прва средба со комората од овој регион и добро е што се случува уште на почетокот на мандатот. Тоа го ветив на граѓаните, дека морам да има тесна соработка со НВО секторот, но и со бизнис секторот. Тие се моторот кој ја движи економијата, создава нови работни места, и пред се затоа што ветивме дека домашниот бизнис сектор ќе го израмниме со странските инвеститори, и сакам да порачам дека во рамките на моите ингеренции ќе излезам во пресрет на сите домашни компании и ќе ги поттикнеме да инвестираат тука. Тие ќе ја имаат мојата поддршка и ќе им дадам задача да видам колку се подготвени да инвестираат во нашиот град.Наше е со урбанистички планови и парцели да им овозможиме да инвестираат и да отвораат нови фабрики и работни места.

Градоначалникот Бочварски побара и конкретна поддршка за некои проекти:

- Еден од проектите е катна гаража и ќе побарам јавно-приватно партнерство, вториот проект е платформата која е почната во центарот на градот и која стои, во една состојба со темели и платна , да видиме дали можеме да ја дореализираме, тука е и проектот за Аква паркот, за оние нови содржини со кои ќе го модернизираме Штип.

Тој кажа дека бара поддршка за овие проекти, но дека тоа не значи дека денес ќе одлучат за тоа, и дека само ќе се отворат можностите за идна соработка.

komora4 resizekomora6 resize

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Ноември 2024
П В С Ч П С Н
28 29 30 31 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 1

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize