Петок, 24 Ноември 2017 09:21 |
Градоначалникот на Штип, Благој Бочаврски од синоќа ја започна серијата на состаноци и средби со жителите на урбаните заедници во Штип. Повод за средбите е изготвувањето на новиот буџет на локалната самоуправа за 2018 година и утврдувањето на ставки за реализација на проекти кои урбаните заедници ќе ги побараат од општината и градоначалникот.
Првата средба се оддржа синоќа по 18:00 часот. Средбата се оддржа со претставници и жители на УЗ „Васил Доганџиски„ и „Тошо Арсов“ во големата сала на Општина Штип. Тие на градоначалникот и на претставниците од локалната смаоуправа задолжени за буџетот им ги кажаа своите идеи, своите забелешки и своите барања кои треба да влезат во новиот буџет и за што треба д абидат издвоени финансиски средства.
|