Градоначалникот Бочварски на прва средба со Регионалната стопанска комора - Штип |
Thursday, 23 November 2017 14:51 | |||
There are no translations available. Регионалната стопанска комора со седиште во Штип, денес оддржа седница на која присуствуваше и ново-избраниот градоначалник на Штип, Благој Бочварски. Средбата беше искористена за меѓусебно запознавање и за отпочнување на соработка помеѓу штипските стопанственици и новото раководство на општината: - Многу е важно соработката на локалната бизнис зедницата со општина Штип за подобрување на стандардот на граѓаните што живеат во регионот и за подобрување на економската активност на фирмите кои соработуваат со локалната самоуправа. Наша задача е активностите на компаниите да ги пренесеме и на државно ниво и со тоа ќе се зголеми и нивната активност и ќе влијаеме на подорбување на бизнис климата - изјави Претседателот на комората во Штип, Наум Барзов. Градоначалникот очекува солидна соработка бидејќи бизнис заедницата е клучна за реализација на некои негови идеи и проекти: - Ова е прва средба со комората од овој регион и добро е што се случува уште на почетокот на мандатот. Тоа го ветив на граѓаните, дека морам да има тесна соработка со НВО секторот, но и со бизнис секторот. Тие се моторот кој ја движи економијата, создава нови работни места, и пред се затоа што ветивме дека домашниот бизнис сектор ќе го израмниме со странските инвеститори, и сакам да порачам дека во рамките на моите ингеренции ќе излезам во пресрет на сите домашни компании и ќе ги поттикнеме да инвестираат тука. Тие ќе ја имаат мојата поддршка и ќе им дадам задача да видам колку се подготвени да инвестираат во нашиот град.Наше е со урбанистички планови и парцели да им овозможиме да инвестираат и да отвораат нови фабрики и работни места. Градоначалникот Бочварски побара и конкретна поддршка за некои проекти: - Еден од проектите е катна гаража и ќе побарам јавно-приватно партнерство, вториот проект е платформата која е почната во центарот на градот и која стои, во една состојба со темели и платна , да видиме дали можеме да ја дореализираме, тука е и проектот за Аква паркот, за оние нови содржини со кои ќе го модернизираме Штип. Тој кажа дека бара поддршка за овие проекти, но дека тоа не значи дека денес ќе одлучат за тоа, и дека само ќе се отворат можностите за идна соработка.
|