Вторник, 27 Март 2018 14:25 |
Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, присуствуваше на свечена академија по повод патрониот празник на Универзитетот „Гоце Делчев“, којшто денеска ја навршува единаесеттата година од своето постоење. На свечената акедемија свој поздравен говор имаше и министерката за образование, Рената Треневска Дескоска.
Градоначалникот се заложува за заеднички развој на Универзитетот и Штип како универзитетски град, со цел да обезбедиме поголем стандард за студентите и наставниот кадар. Дострелите на овој Универзитет, како и на образованието во целина, ја гарантираат стабилноста и просперитетот на нашата држава. Нека е честит патрониот празник на Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип.

|