Вторник, 27 Март 2018 15:01 |
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, присуствуваше на отворање на регионална дебата за воспоставување заштитени подрачја во сливот на река Брегалница. На дебатата, меѓу другите, присуствуваше и заменик министерот за животна средна и просторно планирање, Јани Макрадули.
„Од особено значење е комуникацијата. Заштитените подрачја можат да опслужат голем број на посетители кои со информациите за биодиверзитетот и пешачките патеки коишто ги опфаќаат природните екосистеми, информираат сè поголем број луѓе и за другите вредности што ги содржат. Уште поважно е континуирано да се работи со локалните заедници како би се разбрал целиот спектар на вредности кои што ги нудат заштитените подрачја - преку евалуации во Општините, состаноци, дискусии на локални радио-емисии и пишани статии во локалните весници, “ истакна градоначалникот Бочварски.
Дебатата е во заедничка организација на Центарот за развој на Источен плански регион, Националниот координатор Фармахем од Скопје и Македонското еколошко друштво.

|