Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Настани Средба со Стојан Андов и презентација на неговото творештво
Средба со Стојан Андов и презентација на неговото творештво
Понеделник, 26 Март 2018 15:10

Stojan Andov-1Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски присуствуваше на средба со првиот претседател на Собранието во Р. Македонија, Стојан Андов, како и на  презентацијата на неговото творештво. На оваа средба присуствуваа и писателите Раде Силјан и Блаже Миневски, како и публицистите Љубомир Гајдов и Љупчо Арсовски кои говореа за творештвото на Стојан Андов.

„Чест ми е што Општина Штип е домаќин на овој значаен настан, промоција на книга на истакнатиот македонски политичар и прв претседател на Собранието на Република Македонија, Стојан Андов.Сакам да ги поздравам присутните на овој настан, претставници од политички партии, вработени во Општина Штип, луѓе коишто години наназад работеле во просветителската дејност. Stojan Andov-2Да се заблагодарам на истакнатите писатели Раде Силјан и Блаже Миневски како и на публицистите Љубомир Гајдов и Љупчо Арсовски кои го образложија творештвото на Стојан Андов.Делото на Стојан Андов игра важна улога во подигање на свеста на нашите сограѓани, за тоа колку е тешко да се создава држава, да се соочува со предизвиците коишто секојдневно надвиснуваат. Тоа е задача која бара многу трпеливост, ум, знаење и храброст.Делото јасно укажува дека на патот кон напредокот на нашата татковина, на патот кон интегрирање во ЕУ и НАТО, нашите сограѓани треба да дадат максимална поддршка, се со цел Република Македонија да се издигне на ниво на кое заслужува. Ние како локална власт и во иднина ќе поттикнуваме вакви настани кои се чекор повеќе за културата во нашиот град“ – во својот поздравен говор рече градоначалникот Бочварски.

Stojan Andov-3

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Март 2025
П В С Ч П С Н
24 25 26 27 28 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31 1 2 3 4 5 6

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize