Понеделник, 26 Март 2018 14:28 |
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски присуствуваше на состанок за запознавање и информирање на присутните за активностите и целите на проектот „Можност за градење посилно граѓанско општество на локално ниво“, на којшто присуствуваа министерот без ресор задолжен за имплементација на стратегијата за ромите во Р. Македонија, Аксел Ахмедовски и претставници од повеќе невладини организации и здруженија.
„Со особена чест сакам да истакнам дека Општина Штип и јас како градоначалник уште на самиот почеток добивме признание за најпријателска ромска Општина и најпријателски ромски градоначалник, факт кој доволно говори за заложбите коишто ги правиме за нашите сограѓани од ромската заедница. Концептот едно општество за сите, кој го најавуваме подолго време, веќе функционира и е поздравуван од сите граѓани.Сакам да ги поттикнам своите сограѓани роми во своите идеи, желби и предлози и да им најавам дека Општина Штип ќе им биде вистински сојузник во нивните предлози и проекти, за напредок и интегрирање во ова општество“ – во своето поздравно обраќање рече градоначалникот Бочварски.
„Посебно сум горд што денеска сум во Општината којашто е избрана за најпријателска ромска Општина, а градоначалникот Благој Бочварски за најпријателски ромски градоначалник. Јас како министер имам обврска да ги посетувам сите Општини, се со цел да ја развијам соработката помеѓу Општините и невладините ромски организации. Сметам дека ќе продолжи соработката помеѓу Општина Штип и невладините ромски организации и дека во иднина ќе се решаваат проблемите коишто ги засегаат Ромите“ – изјави министерот Ахмедовски.
|