Среда, 21 Март 2018 15:56 |
Денеска како дел од активностите поврзани со одбележувањето на обичајот Чет’рсе, се одржа литературно читање во НУБ „Гоце Делчев“ Штип каде што своите творби ги читаа ученици од сите основни училишта во Општина Штип. Станува збор за творби со коишто учениците се пријавуваа на литературниот конкурс, Чет’рсе – навраќање на традицијата, пролетта е радост, потсетување на екологијата. Наградените од овој конкурс ќе бидат обзнанети на утрешниот хепенинг во Дом на Млади, кој започнува во 11:30 часот.
 
|