Врачување на награда по повод изборот за најпријателски ромски градоначалник |
Среда, 21 Март 2018 15:48 | |||
„На самиот почеток од мојот мандат, едно големо признание во кое бев избран, помеѓу повеќе градоначалници, повеќе Општини во Р. Македонија. Општина Штип е избрана за најпријателска Општина од страна на ромските организации и јас исто така како градоначалник. Со ова се почажува дека водиме грижа за сите граѓани на Општина Штип и ова го потврдува концептот Наградата за најпријателски ромски градоначалник е доделена на основ на критериумите: дискриминација, медиуми, основни човекови права, здравство, образование. По овие критериуми Општина Штип од можни 40 поени освои, високи 34 поени. Како дел од наградата, градоначалникот ќе присустува на прогласувањето и промоцијата на градоначалниците во Брисел на 9ти април во Европскиот парламент за време на Ромската недела која што се оддржува од 8 до 12 април 2018 година низ ЕУ институциите во Брисел.
|