На едно израмнето карпесто плато, на левата страна од реката Отиња, е поставена црквата „Свети Спас“. Оваа црква со својата тивка убавина постојано го привлекува погледот и вниманието на минувачите. Тоа е еднокорабна црква за која се смета дека ја подигнал војводата Димитар во 1369 год. Живописот од XIV век не е сочуван. Второто живописување било изведено во 1601 година, од страна на зографот Јован, кој се потпишал на грчки јазик. Околу неа има некропола со гробови со различна временска припадност. |
|
Еден од најрепрезентативните сакрални објекти во Штип е соборната црква Свети Никола. Изградена е од протомајсторот Андреја Дамјанов на местото на старата Сифиева црква посветена на Св. Никола (1341 год.), од протомајсторот градител Ѓорѓи Новаков - Џонгар. Постои натписна плоча вградена над главниот западен влез, чиј текст вели дека црквата била изградена во времето на Митрополитот Ќустендилски и Штипски, Игнатија, на 10 мај 1867 год.
Градителот Ѓорѓи Новаков - Џонгар, инспириран од оствареното архитектонско наследство на Андреја Дамјанов и угледувајќи се на ренесансните и барокните влијанија, гради повеќе цркви во Македонија, Србија и Бугарија. |
По патот што води кон тврдината на источната страна на ридот, се стигнува до црквата Св. Архангел Михаил што е средновековна црквичка, подигната во првата половина на XIV век, од страна на протосевастот Хрелја, а во 1334 год. е приложена кон Хиландар од страна на Цар Душан. Таа е еднокуполна црква, чија основа е со форма на впишан крст. Фасадата е декорирана со блокови од обработен камен, така што посебно се издвојува западната фасада каде се наоѓа единствениот влез во црквата. Впечатливо е и дворното место во кое се влегува преку камена порта со полукружен главен влез и два споредни - еден до друг. |
На десната страна на реката Отиња, на јужната страна на Исарот се наоѓа црква посветена на Свети Јован Крстител. Црквата е изградена во 1350 год. Тоа е црквичка со една одаја.
Изградена е со поддршка на Јован ПробиштиповиЌ во време кога сопственик на земјиштето бил деспотот Оливер. Денес се видливи само фрагменти од фреско сликарството. Тоа е фреската на Цар Константин и Царица Елена што се наоѓаат на јужниот ѕид на црквичката. |
Желбата пред пошироката јавност да се презентира и да биде достапен до посетителите богатиот фонд на икони, како и сакрални предмети, а истовремено тие да бидат што подобро заштитени и негувани, придонесе да се оформи една галерија на икони сместена во галерискиот простор на црквата Св. Никола во Штип.
Галеријата на икони е формирана во 1990 год. Таа содржи голем дел од уметничките ракотворби од Брегалничкиот регион.
Иконостасот на црквата е величествен и содржи многу вредни икони. Постои и полукружен свод што е зацврстен на четири основи во олтарот, а е наменет за богослужби. Иконите, иконостасот и останатите фрески се сметаат за своевидно културно-уметничко богатство, не само на црквата и на градот туку и на цела Македонија. Галеријата е збогатена со: рачно изработени икони од многу познати зографи, кои работеле на Истокот помеѓу 17 и 19 век, ретки и стари црковни книги, графирани сребрени крстови, метални и бакарни изграфирани чаши за богослужение и други вредни сакрални предмети.
|
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 Следно > Крај >>
|
Страница 4 од 5 |