Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Култура
Културно - историско наследство
Емир Ќучук Султанов мост

Ова е мошне важен историски споменик на градот. Emir_Kucuk_Sultanov_most-kamen_mostСе наоѓа на самиот влез во Штип. Според податоците, мостот бил изграден во 1672 година и спаѓа во ретките примероци на турската архитектура. Мостот го добил името по султанот Ќучук Емир. За време на првата Балканска војна преку овој мост поминувала демаркационата линија, која градот го делела на српски и бугарски дел. Населбите од левата страна на река Брегалница биле под бугарска власт, додека оние од десна страна потпаднале под српска окупација. Emir_Kucuk_Sultanov_Most_vo_1919Во минатото со оглед на големиот водостој, мостот имал мошне важна комуникациска улога, но денес со намалувањето на водата во реката Брегалница, има повеќе историско - архитектурно значење.

 
Кадин Ана Џамија

kadin_ana_dzamijaКадин Ана Џамија е главен верски објект на муслиманската популација во Штип. Додека џамијата Хуса Медин Паша има историско значење, Кадин Ана Џамија е во употреба и служи како објект во кој припадниците на исламската вероисповед ги извршуваат своите муслимански верски обичаи. Изградена е во 19 век, но прецизни податоци за тоа нема. Првобитната форма и надворешност на Џамијата се променети, со оглед на естетските градежни зафати што беа преземени пред неколку години.

 
Градски плоштад Слобода

Историски гледано, локацијата во строгиот центарploshtad на градот, спроти ООУ „Ванчо Прке” од десната страна на реката Отиња, отсекогаш било на еден начин природна локација за градски плоштад. Локацијата е регистрирана и на некои архивски фотографии, а разликата е во тоа некаде околу 70-тите години Градскиот плоштад е уреден  со мермерни плочки. Но забот на времето веќе оставил длабоки траги на Градскиот плоштад што ќе биде реконструиран. Според планот на Локалната самоуправа, уредувањето и реконструкцијата на Плоштадот ќе биде дел од поголемиот проект што ќе опфаќа и реконструкција на улицата „Ванчо Прке“.

Со современата и модерна адаптација, Градскиот плоштад ќе стане пристојно место за посета во Штип, не само за туристите и посетителите, туку и на самите Штипјани.

 
Цркви

Културното богатство на Штип е огромно. Во градот и во блиската околина се регистирани над 300 цркви. Гордост на градот е црквата Свети Никола, која е седиште на Брегалничката Епархија. Голем дел од црквите се постари од 3 - 4 векови. Според староста, посебно се истакнува црквата Свети Јован Крстител што датира од 1350-тата година.

 
Црква Света Богородица (Ново Село)

Crkva_Sv_Bogorodica_Novo_SeloЦрквата „Света Богородица” се наоѓа во Ново Село. Таа е едно од ремек - делата на познатиот македонски мајстор Андреа Дамјанов. Има форма на базилика со трокатни нивелации што му даваат посебен облик на кровот. Внатрешноста е богато украсена со растителни мотиви и животински фигури. Иконостасот е прекрасен дрворез. Според знакот што се наоѓа над влезот од јужната страна, црквата била реновирана во 1850 год. Според кажувањата на Штипјани, браќата Дамјанови ја граделе црквата 31 година. Каменот бил влечкан со дрвени коли, а бил обработуван рачно. Била формирана галерија на ретки икони на вториот кат. Денес таму има машки и женски олтар, бидејќи во црквата живееле и калуѓерки. Црквата имала скришно место каде револуционерот Гоце Делчев се криел. Во ѕидовите на храмот се лоцирани уште две места во кои се криеле околу 30 - тина други лица. Користејќи го тунелот што постоел под тронот на Архиепископот во црквата, а кој водел до куќите, востаниците се криеле и бегале од Турците.

 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 Следно > Крај >>

Страница 3 од 5

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Ноември 2024
П В С Ч П С Н
28 29 30 31 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 1

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize