Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Култура Антички локалитет - Баргала
Антички локалитет - Баргала

Bargala_1Античкиот град Баргала и понатаму е главен извор на материјал од антички период. Градот Баргала се споменува и во актите на Халкедонскиот собор од 415 год. Името на градот се споменува и на еден натпис од 371 год., кој претставува спомен - плоча за подигање градската порта. Плочата е најдена во месноста Ханче, на левиот брег на реката Брегалница, во атарот на Општина Карбинци. Овој поменик дава податоци каде се наоѓал античкиот град Баргала, како и за проблемите на границата на Македонија кон Тракија и Дакија. Името на градот е со тракиско потекло.

Старата античка населба со градски карактер со името Bargala_2Баргала се наоѓала кај Долни Козјак. Овој град при крајот на 4 век служел како воен камп на римските легии во поход на исток. Подоцна бил разурнат. Жителите подигнале нов град крај Козјачка Река кај Горни Козјак, што е потврдено со археолошки наоди. Овој град станал епископско седиште во 5 - 6 век. Епикопскиот град Баргала е разорен од аваро - аловенските напади, но брзо потоа бил населен. Црковната традиција на старото епископско седиште продолжило во словенскиот период на овој простор. Во поново време археолозите од Заводот и Музеј во Штип открија уште една базилика од ранохристијанскиот период што потекнува од 6 век. Со тоа Баргала има 3 базилики. Освен тоа, откриена е и винарија во североисточниот дел на ископините. Баргала и понатаму важи за еден од најважните античко - историски локалитети и бесконечна инспирација за археолозите од Македонија.

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Ноември 2024
П В С Ч П С Н
28 29 30 31 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 1

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize