Home Events Средба за унапредување на средното стручно образование
Средба за унапредување на средното стручно образование
Monday, 01 February 2021 17:49
There are no translations available.

SrednoStrucnoObrazovanie-01Денес во просториите на ОМЦ „Киро Глигоров“ се одржа средба за унапредување на средното стручно образование на која присуствуваа министерката за образование и наука Мила Царовска, градоначалникот на Општина Штип Д-р Сашко Николов, градоначалникот на Општина Пробиштип Драган Анастасов, директорите од средните стручни училишта, Претставник од платформата за јавно приватен дијалог и претставници од компаниите.

Состаноците се дел од процесот „Учи паметно, работи стручно“ чија основна цел е да се идентификува потребата од отворање на одредени профили и паралеки, во средните стручни училишта во градовите низ државата од идната година. На средбата беа дадени многу конструктивни и корисни предлози за тоа како да се унапреди системот на средно стручно образование и да се одговори на потребите на реалниот сектор со соодветен стручен кадар.  

„Фундаментот и темелот на едно успешно општество е образованиот систем. Доколку овој темел е стабилен и квалитетен, тогаш успешно може да ја издржи тежината на потребите на сите сегменти од општествениот систем.

Проблемите не се еднострани и не можеме парцијално да ги решаваме. Решенијата мора системски да ги донесеме вклучувајки ги сите чинители. Средни училишта, факултети, компании и министерства и само така ќе добиеме резултат кој ќе ни гарантира успешен општествен развој“ истакна Д-р Николов во своето обраќање.

 SrednoStrucnoObrazovanie-02

SrednoStrucnoObrazovanie-03

SrednoStrucnoObrazovanie-04SrednoStrucnoObrazovanie-05SrednoStrucnoObrazovanie-06

SrednoStrucnoObrazovanie-07

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo en

Banner

Calendar

November 2024
M T W T F S S
28 29 30 31 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 1

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize