Средба за унапредување на средното стручно образование |
Понеделник, 01 Февруари 2021 17:49 | |||
Состаноците се дел од процесот „Учи паметно, работи стручно“ чија основна цел е да се идентификува потребата од отворање на одредени профили и паралеки, во средните стручни училишта во градовите низ државата од идната година. На средбата беа дадени многу конструктивни и корисни предлози за тоа како да се унапреди системот на средно стручно образование и да се одговори на потребите на реалниот сектор со соодветен стручен кадар. „Фундаментот и темелот на едно успешно општество е образованиот систем. Доколку овој темел е стабилен и квалитетен, тогаш успешно може да ја издржи тежината на потребите на сите сегменти од општествениот систем. Проблемите не се еднострани и не можеме парцијално да ги решаваме. Решенијата мора системски да ги донесеме вклучувајки ги сите чинители. Средни училишта, факултети, компании и министерства и само така ќе добиеме резултат кој ќе ни гарантира успешен општествен развој“ истакна Д-р Николов во своето обраќање.
|