Поставување на фотоволтаик на подрачно училиште Гоце Делчев во населба Три Чешми |
Monday, 31 August 2020 12:51 | |||
There are no translations available. Започнато е со поставување на фотоволтаик на зградата од подрачното училиште „Гоце Делчев“ во населбата Три Чешми. Ова е четврта институција после основното училиште Ванчо Прќе, филтерстаницата и Територијалната противпожарна единица кадешто се поставуваат фотоволтаици за заштеда на електрична енергија. „Средствата се издвоени од програмата за финансиска поддршка на рурален развој, односно поттикнување на локален развој на руралните средини спроведено преку мерка 413. Општина Штип како со-основач и партнер во предлог проектот обезбедува кофинансирање од 33 % од вредноста на предлог проектот, а останатите се побарани и обезбедени од агенцијата за финансиска поддршка при Министерството за земјоделие. Општина Штип учествува со 100.000 денари, а агенцијата со 200.000 денари или вкупната вредност на проектот е 300.000 денари,“ истакна заменик градоначалникот Јане Миланов.
|